7 карактеристики и исто толку причини за да се решиме на изградба на типски куќи и двојно поголем мотив за избор на ваков дом
/ 01
ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ДОМ
Ќе тргнеме од основната клетка во општеството, тоа е семејството, а нераскинлив дел на едно семејство е дом. Желба и потреба на секој човек е комфорно домување. За да се постигне таа цел потребно е температурата во домот да е константна и во лето и во зима, но притоа сметките за греење и ладење да не бидат товар на домашниот буџет.
/ 02
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Со цел да се намали производството на енергија, а притоа да се постигне комфор потребно е објектот да е енергетски ефикасен. На ваков начин потребата за производство на енергија се оптимизира, се намалува производството на примарната енергија од термо централите а со тоа би се намалила и емисијата на стакленички гасови.
Во Македонија, домаќинствата учествуваат со 26,9% од потрошувачката на енергија и 32% од емисиите на стакленички гасови во воздухот.
/ 03
ЛОКАЦИЈА
Изборот на оваа локација не е случаен. Имено станува збор за населба во развој, најблиска до централното градско подрачје.
Во овој дел ќе истакнеме неколку локациски предности
Близина до централното градско подрачје -Мал и голем плоштад – 8-10 мин со кола/ 25-30 мин пеш
Супер маркет и градски кеј – 4мин со кола/15 мин пеш
Амбуланта – 3мин со кола/12мин пеш
Училиште – 3мин со кола/12мин пеш
Бензинска пумпа со ресторан – 2 мин со кола/10 мин пеш
Аптеки, Маркети, Игротеки, Автоперални, Фризери, Козметички салони и тн – во радиус од 500м или 2 мин со автомобил / 10 мин пеш
/ 04
НАДМОРСКА ВИСОЧИНА
Куќите се наоѓаат на надморска височина од 360м, додека во подножјето, градскиот кеј се наоѓа на надморска височина од 315m, замислете го погледот кон градот од вашиот дом кој се наоѓа на 50м над градскиот кеј…
/05
ЧИСТ ВОЗДУХ
Поради локациските услови, надморската височина и изложеност на ветер не се задржува загадениот воздух како што е случај во подножјето.
/ 06
НИ ПОМАЛКУ НИ ПОВЕЌЕ ПРОСТОР
Куќите заедно со дворното место се оптимално концепциски решени во склад со брзината и темпото на живот на едно современо семејство. Ваквото решение овозможува да се поминува квалитетно време во уживање со семејството и пријателите, а одржувањето на домот да не претставува товар.
/ 07
ЕВРОПСКИ И СВЕТСКИ ТРЕНД НА ДОМУВАЊЕ ДОМ
Живееме во едно динамично и брзо време, опкружени со многу луѓе, сообраќаен хаос, виртуални и паметни алатки кои на еден начин ни го олеснуваат секојдевното живеење, но истовремено и допринесуваат да се чувствуваме нервозно и изморено. Со изборот на ваков дом, во склоп на типска населба, урбанистички хармонизиран изглед на соседството, локацијата, мирот и тишината можат да допринесат за хармонично и спокојно домување, настрана од градскиот метеж и сообраќаен хаос.